Никола Пелц ја откри причината за кавгата со Викторија Бекам: „Морав да изберам друг фустан“

од Stefanija Kuzmanovska

Голема прашина се крена во медиумите откако беше објавено дека сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц, не е во добри односи со нејзината свекрва Викторија Бекам.

Како што наведоа медиумите, Никола наводно не е во добри односи со Викторија, а сега актерката конечно откри што се случило.

– Сакав, навистина сакав, а потоа неколку месеци подоцна таа сфати дека нејзиното ателје не може да го направи тоа, па морав да изберам друг фустан. Таа не рече – не можеш да го носиш тоа, јас не реков дека не сакам да го носам. Сето тоа започна во медиумите, а потоа само се прошири – изјави Никола за странските медиуми.

Бруклин изјави дека меѓу нив се е во совршен ред.

– Научив дека секогаш ќе се трудат да пишуваат такви работи. Секогаш ќе се трудат да ги спуштат луѓето – заклучи Бруклин.

Парот потоа продолжи да разговара за плановите да основа семејство, а Бруклин искрено рече:

„Постојано ѝ велам на жена ми, едвај чекам да станам татко. Подготвен сум да имам деца, но секогаш и кажувам, кога ти сакаш“.

Никола веднаш изјави дека и следната година не планираат да се исполнат во улогата на родители:

-Не планираме да имаме деца во следната година, но би сакале еден ден да имаме големо семејство, би сакале да имаме свои деца и да посвојуваме.

Слични содржини