Николовски: Лани за 12 милиони евра е зголемена вредноста на извозот на вино, силно работиме на препознатливоста на македонското вино

од Radmila Tasevska

„Владата го усвои Законот за виното денеска. Се работеше интензивно 2 години со вклученост на лозарите, на сите винарии, на откупувачите, на потсекторската група. Би рекол дека имаме исклучително европски закон усогласен со сите 9 регулативи и директиви, поздравен од ЕК, којашто беше дел од креирањето на овој закон. Македонија е извозно ориентирана во поглед на виното. Само во последната година за 12 милиони евра е зголемена вредноста на извозот на вино. Силно работиме на препознатливоста на македонското вино, изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во неговото гостување во Дневникот на МРТ 1.

Тој додаде овој закон ја регулира постапката како да се дефинираат производната цена за која што многу се зборува во последниот период.

„Сега имаме закон, рамка којашто утврдува рокови и институции, како науката тоа ќе го направи, како ќе се утврди производната цена, колку таа треба да биде повисока од откупната цена, што доколку винариите и откупувачите не ја испочитуваат, доколку не обезбедат 30% повисока откупна цена на грозјето од производната цена, можат да ја загубат поддршката од државата“, заклучи Николовски.

Слични содржини