Николовски: Луѓето сакаат да го стреламе Мијалков, секаде во светот се дава кауција за да добиеш делумна слобода

од Nikola Popovski

„Секаде во светот се дава некаква кауција или гаранција за да добиеш делумна слобода“, вели новинарот Љубиша Николовски за емисијата „Само вистина“, коментирајќи го редлогот на одбраната на притворениот екс-директор на УБК Сашо Мијалков да му се укине мерката притвор со гаранција од 10,8 милиони евра, во недвижнини.

Тој наведува дека не е првпат за Мијалков да биде во домашен притвор.

„Мене ме зачудува медиумската хајка, како наеднаш сите посакуваат што поригорозно некој да биде казнет. Луѓето сакаат да го стреламе Мијалков. Ако има можност да се брани, додека сето тоа не стане правосилно, зошто да не излезе од притвор“, оценува Николовски.

Слични содржини