Нискокалоричен рецепт за полнети домати

од Stefanija Kuzmanovska

Летото е време кога свежото овошје и зеленчук се на дофат на раката. Овој рецепт за полнети домати е многу лесен, исклучително хранлив, а содржи само 350 калории! Во исто време, подготовката е повеќе од едноставна.

Богат е со протеини, малку јаглехидрати и иако изгледа лесно, доста заситува. Според својот состав ги содржи сите хранливи материи кои треба да ги има еден главен оброк.

Меѓутоа, доколку сакате појак оброк, обидете се и со гурманската верзија. Со додавање на шунка и моцарела, овој нискокалоричен рецепт за полнети домати станува вистински специјалитет.

Состојки:

2 големи домати

2 јајца

1 сечкан млад кромид

2 лажици брашно

половина лажичка сол или сув зачин по вкус

Изборно: лук или бибер

Подготовка:

Време на подготовка: 10 минути

Внимателно исечете ги доматите на тенки парчиња. Отстранете го внатрешниот, мек дел од доматот. Не го фрлајте, ќе ни треба во следниот чекор!

Внатрешноста на доматот ситно исечкајте ја (не блендирајте). Кога ќе ги исецкате доматите, додадете две изматени јајца, кромид, сол и брашно и убаво измешајте.

Во загреана тава со многу малку масло ставете ги прстените од цврстиот дел од доматот и потоа истурете го филот. Се пече од едната, а потоа од другата страна додека не порумени.

На здравје!

Слични содржини