Ниту најсилни, ниту најслаби: Колку е силен македонскиот пасош?

од desk4

Според податоците на International Air Transport Authority и Global Passport Ranking, македонскиот пасош се наоѓа на 83. место на листата на пасоши, рангирана според моќноста, односно пристапност кон други држави.

Рангирани се вкупно 199 пасоши.

Pixabay

На самиот врв се наоѓаат:

1. Јапонија
2. Сингапур
3. Јужна Кореја
4. Германија
5. Финска
6. Данска
7. Италија
8. Луксембург
9. Франција
10. Шведска
11. Шпанија

Веднаш по нив се Литванија и Словачка, а потоа Велика Британија и САД. Јапонците без виза може да патуваат во 190 држави, исто како и Сингапурците.

Од другата страна, на самото дно на листата, се:

1. Авганистан
2. Ирак
3. Сирија
4. Пакистан
5. Сомалија
6. Јемен
7. Либија
8. Палестина
9. Судан
10. Непал
11. Лебанон
12. Северна Кореја

Жителите на Северна Кореја без виза може да патуваат во само 39 држави, Ирак во 27, а Авганистан во само 25.

Слични содржини