Њоки со спанаќ

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– пакување њоки од 500 гр

– 120 гр спанаќ

– 50 гр бадеми или ореви

– 5 сушени домати

– 6 лажици маслиново масло

– сол

– пармезан

Подготовка:

Ставете ги њоките во зовриена солена вода и варете ги додека не излезат на површината.

Изблендирајте ги сите состојки па измешајте ги во врелите њоки.

Додека се е жешко, додадете сирење по желба, а на крајот и пармезан.

Слични содржини