Њујорк ја забрани дискриминацијата на гојазните луѓе

од Vladimir Zorba

Властите во Њујорк усвоија закон со кој се забранува дискриминација врз основа на телесна тежина и висина при вработување, домување и јавни простори.

Градските советници кои го поддржаа донесувањето на законот изјавија дека гојазните луѓе имаат потешкотии во рестораните и театрите, а посочија и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани од градските власти при делење велосипеди, пренесе Би-би-си.

За донесување на законот гласаа 44 советници, а против беа петмина. Противниците на донесувањето на прописите тврдат дека законот е претерано широк и отвора можност за скапи судски случаи.

Како што посочуваат, проблемите со кои се соочуваат лицата со прекумерна тежина седејќи во ресторани и театри, велосипеди кои имаат ограничување на тежината, такси возила во кои треба да постават продолжетоци на безбедносните појаси, бараат скапи измени за да се избегнат казни и тужби.

Од друга страна, дискриминацијата на гојазните е широко распространета, а таа е најлоша за жените.

Според студијата на Универзитетот Вандербилт, гојазните жени заработуваат во просек 4,25 долари помалку на час од оние кои се сметаат за со нормална тежина.

Само шест други градови и една држава имаат слични закони за заштита на Американците од дискриминација врз основа на висина и тежина – Бингамтон, Медисон, Урбана, Вашингтон, Сан Франциско, Санта Круз и државата Мичиген.

Слични содржини