Nokia претстави големо освежување на 5G радијата

од Stefanija Kuzmanovska

Финскиот производител Nokia го презема најновиот чекор кон воведувањето на 5G со лансирање на многу нови AirScale производи.

Конкретно, зборуваме за основни опсези, далечински радио глави и масивни MIMO активни антени, од кои последната ја става Nokia во конкуренција да ја понуди најлесната 5G антена, тешка 17 килограми за 32TRX. Лансирањето ја опфаќа и најновата верзија на проблематичното портфолио на ReefShark чипови на Nokia, што им овозможува на новите ‘plug-in’ картички од основен опсег да се справуваат со осум пати повеќе работи.

„Нашата нова генерација на AirScale радио продукти базирани на ReefShark е доказ за успешната трансформација на нашиот бизнис и способноста да им доставиме премиум производи на пазарот на нашите глобални клиенти“, рече Томи Уито, Претседател на мобилни мрежи во Nokia.

„Новото портфолио на Nokia им овозможува на провајдерите на услуги за комуникација да им понудат на потрошувачите и на претпријатијата врвни 5G искуства со премиум брзини, капацитет и поврзаност, поткрепени со непреченото, едноставно и ефикасно воведување на ‘plug-in’ картичките. Нашите нови AirScale производи се подготвени за O-RAN. Тие трошат помалку енергија и ја истакнуваат нашата посветеност кон климатските промени. Возбудени сме што ги гледаме нашите клиенти како ги применуваат овие производи и го гледаме трансформативното влијание на 5G технологијата“.

Лансирањето на новите AirScale производи наиде на позитивни реакции во медиумите. Познатата веб-страница за комуникациски технологии Light Reading смета дека ова претставување е доказ за враќањето на Nokia во 5G играта и дека финската компанија оди во вистинска насока. Можеби не е случаен фактот дека се зголемува цената на акциите на Nokia, додека Ericsson во последно време оди во сосема спротивен правец. Погледнете го видеото подолу во кое раководните лица на Nokia говорат за лансирањето на новите производи на компанијата.

Слични содржини