Норис влегува во болидот на Мекларен за првиот тренинг во Сочи

од Vlatko K

Ландо Норис ќе учествува во првиот слободен тренинг во Русија овој петок. Претходно овој месец, стана јасно дека младиот Британец ќе дебитира во Формула 1 следната година за тимот од Вокинг, заедно до Карлос Сајнц Џуниор.

Норис го имаше своето деби во тренинг-сесијата во Мекларен во Белгија веднаш по завршувањето на летната пауза на шампионатот. Кратко време подоцна, повторно влезе во пилотската кабина и се здоби со мало искуство со автомобилот на италијанската патека Монца.

18-годишниот возач ќе мора да ги балансира своите обврски со Формула 2 со посветеноста на Мекларен овој викенд. Во моментов, Норис го зазема второто место во Формула 2, на 22 поени зад пилотот од академијата на Мерцедес, Џорџ Расел.

Покрај Норис, во петок на патеката во Сочи ќе излезе идниот пилот на Саубер Антонио Џовинаци.

Слични содржини