Нов член на кралското семејство: Се породи принцезата Евгенија

од Stefanija Kuzmanovska

Принцезата Евгенија, внука на покојната кралица Елизабета и ќерка на принцот Ендру, го дочека своето второ дете со сопругот Џек Бруксбанк.

Најмладата ќерка на принцот Ендру го објави раѓањето на синот Ернест Џорџ Рони Бруксбанк.

Момчето го добило името по неговиот покоен дедо, таткото на сопругот на принцезата, Џорџ, кој починал во 2021 година.

Евгенија има уште еден син Август, кој го доби пред две години.

Слични содржини