Нов крузер во изолација: Брод со 2.000 луѓе под контрола заради коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Крузер со 2.000 патници изолиран е недалеку од Грција, затоа што турист кој минатата недела престојувал на бродот е заразен со коронавирус, пренесува британски Сан.

Капетанот на МСЦ Опера изјави дека повеќе од 2.000луѓе не може ад го напуштат бродот кој се упатил кон Крф.

Патниците итно се повикани од излет и им било кажано дека тоа е заради безбедносен проблем.

Но кога повторно се вратиле на бродот, речено им е дека патник кој бил на бродот минатата недела е тестиран позитивен на коронавирус.

Патникот за кој се работи е Австралиец, се симнал од бродот во Џенова и сега се наоѓа во својата татковина.

Слични содржини