НОВ ОПАСЕН СИНДРОМ ГИ НАПАЃА ДЕЦАТА: Треска, пореметување на органите, а го напаѓа и нервниот систем, поврзан е со короната

од Aleksandar Petrovski

Околу 1.000 деца ширум светот имаат воспаление предизвикано од овој синдром, вклучително и случаи во Европа, каде за прв пат биле забележани.
Трудовите, објавени денес во магазинот New England Journal of Medicine, даваат најкомплетен извештај за оваа состојба, позната како синдром на мултисистемско воспаление кај деца. Се смета за невообичаено, а смртните случаи се ретки.

Околу 1.000 деца ширум светот имаат воспаление предизвикано од овој синдром, вклучително и случаи во Европа, каде за прв пат биле забележани.

Дефиницијата на случајот вклучува тековна или неодамнешна инфекција на коронавирус, треска, тешка клиничка слика која бара хоспитализација, воспаление потврдено од крв и дисфункција на најмалку два органи во организмот вклучително срцето, бубрезите, белите дробови, кожата или нервниот систем.

Дигестивните симптоми се исто така чести, вклучувајќи гадење и дијареја.

Некои деца може да имаат симптоми кои потсетуваат на болеста Кавасаки, ретка состојба кај децата што може да предизвика оток и проблеми со срцето.

Повеќето деца на кои им бил дијагностициран синдромот, имале коронавирус и покрај тоа што претходно биле целосно здрави.
Просечната возраст е осум години, а сè уште не е потврдено дали овој синдром ги погодува постарите лица.

Слични содржини