Нов предизвик за албанскиот премиер Рама е новиот проект со С.Македонија

По ставањето на функција на далновод, Албанија-Косово, следен предизвик според најавите на албанскиот премиер, Еди Рама е изградба на 400 киловолтен далновод со С.Македонија.

Претседателот на Владата на Албанија, посочи дека се отпочнати активностите што се однесува до интерконекциската линија со С.Македонија, и потенцираше дека Албанија моментално е во процес на проширување на енергетскиот пазар со Италија и Црна Гора.

„Во моментот сме сконцентрирани во реализација на проектот за интерконекциска линија Албанија-Македонија, а само што ја пуштивме во употреба линијата Албанија – Косово, проект што го сметаше мојот претходник за историско право, но се претвори во приказна исто толку болна, колку што е смешна, а потоа блокирана неколку години со ветото на Србија, кое беше тргнато од балканскиот Шенген“, истакна премиерот Рама.

Рама вели дека овој важен развој меѓу Албанија и Косово и од друга страна „проектот со Македонија се само дел од низата големи промени што се случуваат“ и претставува „нова фаза во енергетскиот сектор“.

Друга важна точка, како што вели, во домашниот енергетски сектор е потпишувањето на договорот со САД за изградба на Хидроелектраната „Скавица“ на реката Дрим, на албанско – македонската граница, кај Дебар. Рама е убеден дека со изградбата на „Скавица“ неговата земја ќе стане извозник на елекрична енергија.

Слични содржини