Нова тешка сообраќајка во Чаир – загина возач

од Nikola Popovski
550 прегледи

Утрово бил евидентирана уште една тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Цветан Димов“ во Чаир. Министерството за внатрешни работи соопшти дека починал 75-годишен маж, додавајќи дека надлежните органи вршат потребни проверки за да се утврдат причините за несреќата.

„Денес (28.04.2025) во 10:15 часот во СВР-Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на булеварот „Цветан Димов“ во Скопје, во која учествувале возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (75), паркирано комбе „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, претходно управувано од Х.И., кое од силата на ударот се поместило и удрило во паркираниот камион „МАН“, со скопски регистарски ознаки, претходно управуван од Л.С. Од страна на лекар од Итна помош е констатирана смрт на М.Д.

На местото на настанот се врши проверка од јавен обвинител од ОЈО Скопје“, соопштија од МВР.

Слични содржини