Новак: Русија нема да испорачува нафта на оние што ја ограничуваат цената

од Vladimir Zorba

Русија не планира да испорачува нафта или нафтени деривати на земјите кои ќе воведат ценовни ограничувања, изјави за новинарите рускиот вицепремиер Александар Новак.

„Русија го потврдува својот статус како сигурен снабдувач на енергија на глобалниот пазар и пазарниот статус на нашите односи со партнерите. Во овој поглед, не планираме да испорачуваме нафта и нафтени деривати на земји кои ќе го користат принципот на ограничување на цените, со натамошно пренасочување на понудата кон пазарно ориентирани партнери или со намалување на производството“, рече Новак, пренесе ТАСС.

Вицепремиерот на руската Влада, Александар Новак изјави дека воведувањето ограничувања на цената на енергијата и политизацијата на енергетскиот сектор може да доведе само до дефицити и проблеми во снабдувањето со енергија.

Слични содржини