Новата фризура на Јелена Ѓоковиќ ги воодушеви сите: Изгледа многу помладо (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на Новак Ѓоковиќ одамна има воспоставен стил. Класиката и практичноста се нејзиниот избор.

Кога станува збор за нејзината гардероба, но и кога е фризурата во прашање, Јелена се држи до едноставноста, а кога експериментира тоа го прави многу претпазливо. Собрана коса во пунџа или само пуштена права, можеби малку завиткана на краевите или сплетена во плетенки, сето тоа се многу едноставни начини брзо да изгледате феноменално, а ги практикува и избраничката на најдобриот тенисер на светот.

Како глобална директорка на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, таа неодамна се појави на филмска проекција пред доаѓањето на д-р Габор Мате, еден од најдобрите светски говорници и најпродаван автор, и ги воодушеви сите со својот стил на облекување и фризура, пишува Story.

Фризурата на Јелена Ѓоковиќ беше малку завиткана и пуштена, едноставна, но многу ефикасна. Малку подигнатите шишки го отворија лицето на избраничката на Новак, па не можеме а да не забележиме дека убавата Јелена со темна коса изгледа многу помладо, а делува поубаво.

Слични содржини