Нови 30 дена притвор за Камчев, определена мерка претпазливост за неговата мајка

од Nikola Popovski

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денес побара продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно“, а Кривичниот суд го прифати предлогот.

Освен за осомничениот Камчев, судот му определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и на првоосомничениот Никола Груевски. Мерки на претпазливост за како што известија од судот им биле определени и на осомничените Ненад Јосифовиќ и мајката на Камчев, Ратка Камчева.

-За обвинетата Р.К.К. мерки на претпазлвост – Обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање и тоа патна исправа издадена од Република Северна Македонија и патна исправа издадена од Република Бугарија. Јавниот обвинител побара мерките да траат до правосилно завршување на кривичната постапка, велат од Обвинителството.

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица. На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ, обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ, додека С.М. е обвинет за помагање при кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик.

Слични содржини