Новиот Бетмен: Вака ќе изгледа Патисон во таа улога

Пред неколку месеци објавено е дека новиот Бетмен ќе го глуми Роберт Патисон, а сега излезе првиот тизер кој прикажува како ќе изгледа актерот во улогата.

Режисерот на филмот Мат Ривс објави тизер на кој се гледа само Бетмен во одело, а кратката видео снимка веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Патисон, неодамна е прогласен за најбав маж на светот, во улогата на Бетмен ќе го наследи Бен Афлек, кој отстапи од улогата во 2016 година.

Се уште не е јасно како новата верзија на Бетмен ќе се вклопи во проширениот универзум на DC. Патисон за Варајети изјавил дека ги го сакал Бетмен на Бартон кога бил мал. Кога слушнал дек Ривс снима нов Бетмен со Варнер Брос, не се двоумел, туку веднаш се пријавил.

Новиот Бетмен во кината би требало да пристигне во јуни идната година.

Слични содржини