Ново истражување: Премногу сол може да го ослаби имунитетот

од Stefanija Kuzmanovska

Сите ги знаеме лошите страни на премногу сол, вклучувајќи проблеми со срцето и крвниот притисок. Сепак, постојат многу други здравствени проблеми кои можат да бидат предизвикани од консумирањето премногу сол.

Сите ги знаеме недостатоците од прекумерното внесување сол, вклучувајќи проблеми со срцето и крвниот притисок.Истражувањата покажаа дека количината на сол што ја јадеме би можела да не направи ранливи на болести предизвикани од бактерии, односно може да го ослаби нашиот имунитет, пишува „Метро“.

Студијата објавена во списанието Circulation се надеваше дека ќе добие повеќе разбирање од студијата од 2015 година која покажа дека високите количини на натриум во крвта влијаат на тоа како одреден тип на бели крвни клетки се подготвуваат да реагираат кога ќе почувствуваат нездрава клетка.

Во ова истражување, тимот го испитуваше „метаболизмот на имуните клетки изложени на високи концентрации на сол“.

Овој пат забележале како солта влијае на имунитетот и како предизвикува клетките да произведуваат помалку АТП (аденозин трифосфат) и помалку кислород. АТП е „универзално гориво кое ги движи сите клетки“, обезбедува енергија за мускулна сила и метаболичко регулирање.

Тоа значи дека ако високите нивоа на натриум во телото предизвикуваат недостаток на АТП, тоа може да влијае на созревањето и функционирањето на тие бели крвни зрнца. Овие клетки се одговорни за имунолошкиот одговор на телото.

Професорот Маркус Клејневитфелд од Универзитетот Хаселт рече дека „првата работа на која помислувате е кардиоваскуларниот ризик. Но, повеќе студии покажаа дека солта може да влијае на имуните клетки на различни начини“.

Тој додава дека „ако се наруши толку важен клеточен механизам, тоа може да има негативно влијание и потенцијално да промовира воспалителни болести на крвните садови и зглобовите или автоимуни болести“.

Според оваа студија, експертите за исхрана препорачуваат возрасните да го ограничат дневниот внес на не повеќе од пет или шест грама сол, што ја вклучува солта скриена во преработената храна.

Слични содржини