Ново рочиште за „Меѓународен сојуз“

од Берта Китинска
334 прегледи

Денеска треба да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”.

Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази, а за денеска е предвидено сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска. На минатото рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев.

Судењето го води судијката Софче Ефремова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ивана Трајчевска. Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Слични содржини