Новта мутација не е проблем: Вакцината „Фајзер“ може да ве заштити и од новиот тип на ковид

од Берта Китинска

Ново научно истражување сугерира дека вакцината против ковид 19 на Фајзер исто така може да ги заштити пациентите од две многу заразни мутации кај новиот коронавирус пронајден во Велика Британија, пренесува АП.

Мутациите на новиот коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка предизвикуваат глобална загриженост за ефикасноста на новите вакцини. Двата типа делат заедничка мутација наречена N501Y, што претставува мала промена во шилестиот протеин на вирусот САРС-Ко-2. Заради оваа промена, се верува дека и двата мутирани соеви се шират брзо и меѓу населението.

Вакцините кои моментално се во оптек, а кои допрва ќе бидат во оптек, всушност му кажуваат на телото како да препознае шилест протеин и како да се бори против него. Тимот научници од Фајзер ги здружија силите со колегите од Универзитетот во Тексас да спроведат лабораториски тестови и да видат дали гореспоменатите мутации влијаат на ефективноста на вакцината.

Тие користеле примероци од крв од 20 лица кои примиле вакцина Фајзер, а антителата од вакцината успешно се броеле со мутираниот вирус во тие примероци, покажала студија објавена во четвртокот вечерта.

Ова е прелиминарна студија која сè уште не поминала научни прегледи.

„Беше многу смирувачко да се открие дека барем една мутација, за која луѓето се најмногу загрижени, се чини дека не претставува никаков проблем“, рече др. Филип Дормицер, раководител од компанијата „Фајзер“.

Слични содржини