НСДП: Европската коалиција гарантира победа на претстојните парламентарни и претседателски избори и е браник против регресивните и мрачни сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ

од Radmila Tasevska

НСДП донесе политичка одлука за учество на партијата во европската коалиција предводена од СДСМ и избра Централен изборен штаб за претседателските и парламентарните избори со кој ќе раководи генералниот секретар на партијата Мики Милковски, на седница на Централниот одбор која се оддржа во Штип.

Централниот одбор на НСДП едногласно дава поддршка на лидерот на владеачката коалиција Димитар Ковачевски за продолжување на активностите за окрупнување на европската коалиција со сите европски ориентирани сили во општеството.

„Нашата коалиција треба да ги обедини сите прогресивни сили во државата кои бараат продолжување на процесот на преговори со Европската унија се до полноправно членство, затоа што тоа е вистинскиот пат за прогрес, стандарди и сигурна иднина на граѓаните на што НСДП укажува подолго време наназад. Европската коалиција гарантира победа на претстојните парламентарни и претседателски избори и е браник против регресивните и мрачни сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, кои немаат визија за иднината и сакаат хаос, безредие и изолација на државата“.

НСДП исто така донесе одлука пратениците да го поддржат изборот на Јован Митревски за нов претседател на Собранието, изборот на Талат Џафери за премиер и да го поддржат изборот на техничката влада, а доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ја поддржи техничката влада предводена од Талат Џафери, тогаш НСДП нема да даде поддршка за министрите и замениците министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашниот заменик министер за економија од НСДП, воедно и потпретседател на партијата, Зоран Маневски, беше утврден како предлог за заменик министер за економија и во техничката влада.

Покрај овие одлуки на седницата на Централниот одбор извештај за работењето поднесоа и избрани и именувани лица од НСДП во централната и локалната власт.

Слични содржини