Нудат медицински сестри во замена за вакцини

од Vladimir Zorba

Филипините ќе им дозволат на илјадници нејзини здравствени работници да работат во Германија и Велика Британија доколку се согласат да им донираат вакцини, пишува Ројтерс.

Филипините, земја каде што бројот на заболени од коронавирус е меѓу најголемите во Азија, ги намали ограничувањата за вработување во странство на нејзините здравствени работници, но тој број сè уште е ограничен на 5.000 на кои им е дозволено да ја напуштаат земјата годишно.

Алис Висперас, директорка на канцеларијата за работа во странство во Министерството за труд, вели дека Филипините се подготвени да ги отстранат ограничувањата во замена за вакцините од Велика Британија и Германија, кои би биле искористени за вакцинирање на работници кои заминуваат во странство и стотици илјади Филипинци кои се враќаат во нивната земја.

loading...

Слични содржини