НУК до Владата: Да се започне постапка за дигитализација и унапредување на работењето на туристичко-угостителската индустрија

од Vladimir Zorba

Во пресрет на Новата 2022 година Независната угостителска комора до Претседателот на Влада, Министерството за економија, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи достави повеќе барања со надеж дека Владата и одговорните Министерства ќе најдат начин и можности да ги исполнат ветените работи и донесат одлуки за поддршка и унапредување на работењето на угостителската индустрија

„Изминатиот период туристичко угостителскиот сектор се соочи со енормни штети и загуби од тековното работње како последица на Ковид-19. Со последиците од пандемијата ќе се соочуваме и во наредниот период со надеж дека најавите за завршувањето на истата навистина овојпат ќе се реализираат до пролетта 2022 година. Независната угостителска комора утринава го достави последното барања за оваа година до Претседателот на Влада и надлежните институции ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И ПОНУДАТА НА ТУРИСТИЧКО УГОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА СО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВА И ЈАВНИ ОВЛАСТУВАЊА ЗА КРЕИРАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН ДИГИТАЛЕН РЕГИСТАР во кој ќе бидат попишани и опфатени сите туристичко угостителски субјекти и објекти како и сите производители и добавувачи на пијалоци, храна и опрема во и за угостителската индустрија“, посочуваат од НУК.

Со доставеното барање очекуваат Владата во координација со надлежните министерства, инспекторати и институции да донесе одлука со која сите субјекти кои се инволвирани во туристичката угостителска дејност ги задолжи и имаат за обврска да се регистрираат во една од специјализираните туристичко угостителски комори и да се евидентираат единствениот дигитален регистар со што ќе издаде:

ОВЛАСТУВАЊА ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН ДИГИТАЛЕН РЕГИСТАР НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО КОИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ

* Сите видови категоризирани објекти за сместување – хотели, мотели и останати комплекси

* Сите видови на категоризирани и некатегоризирани угостителски објекти за послужување на храна и пијалоци

* Сите видови на приватни сместувачки објекти од мал обем до 20 легла евидентирани поединечно во локалните самоуправи во кои спаѓаат издавањето на куќи, вили, апартмани соби заедно со физичките лица што вршат угостителска дејност

ДИГИТАЛЕН РЕГИСТАР НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ, УВОЗНИЦИ И ДОБАВУВАЧИ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НА УГОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО КОИ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ

* Македонските производители, увозници и дистрибутери на храна и пијалоци

* Македонските производители, увозници и дистрибутери на опрема согласно постојните стандарди за опремување на угостителски објекти

* Македонските производители, увозници и дистрибутери на потрошен материјал и инвентар за угостителската индустрија

Со оглед дека македонски државните институции и фирми во државна сопственост годишно преку јавни набавки и тендери трошат повеќе од 30 милиони евра за угостителски услуги, ноќевања и туристички аранжмани со патувања доставивме и барање со кое ќе се донесе одлука за тендерските документации да се воведе и поседување на задолжителни лиценци – потврда за угостителите кои учествуваат на јавни објави – тендери како задолжителна потврда дека се евидентирани во единствениот национален регистар и се редовни членки во една од постојните туристичко угостителски комори. По примерот на другите лиценци кои ги издаваат коморите (Адвокатска Комора, Лекарска комора, Комора на извршители, Нотарска комора итн) за вршење на соодветната дејнјност, потврдите или соодветните лиценци за угостителите би се издавале од постојните или новоформираните специјализирани комори за туристичко угостителската индустрија, се вели во соопштението.

Од НУК ја потсетуваат владата дека до крајот на 2022 година треба да го исполни и реализира ветувањето за линеарен данок од 10% на сите угостителски услуги за кое како да подзаборави и исполнување на ВЕТЕНАТА ФИНАНСИСКА ПОМОШ И ПОДДРШКА И СУБВЕНЦИЈА ЗА ПЛАТИ ЗА ПЕРИОД 16.08 – 31.12.2021 ГОД

Оттаму се надеваат дека Владата ќе излезе во пресрет на нивните барања и во интерес на опстанок и унапредување на работењето на туристичко угостителскиот сектор и ќе ги задолжи надлежните министерства, институции и инспекторати да закажат работни средби со коморите и формираат работни групи за реализација на барањата за стандардизација и дигитализација на македонската туристичко угостителска индустрија.

Слични содржини