НУК назначи Офицер за заштита на личните податоци

од Берта Китинска

Согласно препораките и насоките од Агенцијата за заштита на лични податоци за чекорите кои треба да ги преземат угостителите за да го усогласат своето работење со прописите за заштита на личните податоци и која документација треба да ја донесат за да обезбедат безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на обработката, а притоа да можат и да ја демонстрираат усогласеноста со начелата поврзани со обработката на личните податоци Независната угостителска комора денес го назначи Димитар Ѓеорѓиевски за Офицер за заштита на личните податоци и до Агенцијата достави соодветно известување за контролор и офицер со потребните информации согласно законските прописи.

Со донесување на новиот закон за заштита на лични податоци (Службен весник бр. 42 од 16.2.2020) секое друштво регистрирано согласно законските прописи во Централниот регистар на РСМ има за обврска да назначи Офицер за заштите на лични податоци и да донесе соодветни акти, правилници и документи и направи усогласување на своето работење. Фактот дека угостителите и угостителската индустрија не се исклучок од овој закон, Независната угостителска комора назначи офицер за заштита на личните податоци кој офицер воедно може да биде офицер и на сите членки на комората со што комората овозможи на своите членки веднаш да започнат активности на усогласување на своето работење со прописите кои произлегуваат од ЗЗЛП.

На овој начин комората овозможува сите реномирани угостителски објекти, ресторани и хотели кои немаат можност и услови да вработат сопствен офицер за заштита на личните податоци да назначат офицер преку комората со што се смета дека се започнати постапките за изготвување документација која треба да ја донесат за да обезбедат безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на обработката, а притоа да можат и да ја демонстрираат усогласеноста со начелата поврзани со обработката на личните податоци.

Комората заедно со офицерот за своите членки низ повеќе градови од Македонија во месец Август ќе направат специјализирани бесплатни едукативни работилници наменети за угостителите и угостителската индустрија со цел да се изврши навремено информирање за обврските согласно прописите за заштита на личните податоци и запознавање со принципите, правата и обврските кои произлегуваат од ЗЗЛП.

„Со овие активности Независната угостителска комора уште еднаш ја покажува својата грижа и големина да излезе во пресрет на своите членки и целокупната угостителска индустрија и да им овозможи заштеда од непотребни трошоци во ангажирање на надворешни соработници за потребите за усогласување на своето работење согласно ЗЗЛП притоа не доведувајќи се во ситуација да ги прекршуваат истите во своето работење и да бидат ригорозно казнети поради неусогласеност и недефинираност на прибирање и водење на личните податоци“, велат оттаму .

Слични содржини