ОБЈАВЕНИ НОВИ САТЕЛИТСКИ СЛИКИ: Делови од клучниот патен премин во Херсон целосно исчезнаа (ФОТО)

од Vladimir Zorba

„Maxar Technologies“ на својот официјален Твитер профил објави нови сателитски снимки од мостот Антоновски.

Имено, станува збор за клучен патен премин кој ги поврзува ослободениот град Херсон на југот на Украина и источниот брег на реките Дњепар, на кој се повлекле руските сили.

На фотографиите се гледа дека делови од мостот целосно исчезнале.

Украинците тврдат дека мостот бил уништен од руските сили при нивното повлекување со цел да се забави украинското напредување.

Мостот Антоновски е особено важен бидејќи следниот најблизок патен премин преку Дњепар е оддалечен околу 70 километри.

Слични содржини