Обама: Потребни сме и на нашата демократија повеќе од било кога

од Vladimir Zorba

Поранешниот претседател на САД, демократот Барак Обама им честиташе на Џо Бајден и Камала Харис, откако беа прогласени за победници на изборите оваа година во САД.

„Не би можел да бидам по горд да му честитам на нашиот следен претседател, Џо Бајден и на нашата прва прва дама, Џил Бајден“, рече поранешниот претседател.

„Исто така, не можам да бидам погорд и да им честитам на Камала Харис и Даг Емхоф за револуционерниот избор на Камала за наш следен потпретседател“, додаде тој.

Обама го повика секој Американец да „го стори својот дел“ со цел да најде заеднички јазик со своите сограѓани и со тоа да и помогне на земјата да се обедини.

„На нашата демократија сме и потребни повеќе од било кога“, рече Обама.

„И јас и Мишел со нетрпение очекуваме да го поддржиме нашиот следен претседател и прва дама на кој било начин“, заклучи тој.

Слични содржини