Објавена СКАНДАЛОЗНА СНИМКА на Трамп: Сакам да ми најдете 11.780 гласови

од Stefanija Kuzmanovska

Три месеци по претседателските избори во Америка, не е ставен крај на поразот на Доналд Трамп, 45-от претседател на САД, кој сè уште не признава дека изгубил од Џозеф Бајден, кандидатот на Демократската партија.

„Вашингтон пост“ објави дел од снимката од телефонскиот разговор на Трамп во кој тој го крши законот вршејќи директен притисок врз државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер, исто така републиканец, барајќи од него да ги најде гласовите потребни за промена на резултатите.

Разговорот меѓу Трамп и Рафенспергер траел околу еден час, при што шефот на Белата куќа наизменично се заканувал, го молел и му се додворувал на државниот секретар на Џорџија.

„Народот во Џорџија е лут, луѓето во државата се лути. Знаете, нема ништо лошо во тоа ако кажете дека погрешно пресметавте. Погледнете, сè што сакам е следново. Сакам да ми најдете 11.780 гласови, што е еден повеќе отколку што имаме во моментов. Бидејќи победивме во државата. Нема шанси да сум ја изгубил Џорџија, победивме убедливо“, вели, меѓу другото, Трамп.

„Вашингтон пост“ пренесува дека Рафенспергер и неговиот советник за време на разговорот се обиделе да го одвратат Трамп од идејата за преобликување на изборната волја и му рекле дека премногу се потпира на неоснованите теории на заговор за изборите, кои биле фер.

Трамп сè уште не признава пораз на изборите, поради што неговите сојузници во Конгресот ќе се обидат да го оспорат формалното признавање на победата на Бајден.

Слични содржини