Објавени резултатите од истражувањето: Вакцината „Спутник V“ ефикасна 91,6 проценти

од Берта Китинска

Руската вакцина против ковид 19 „Спутник V“ е 91,6 проценти ефикасна, покажуваат истражувањата.

Прелиминарните резултати се базираат на анализа на повеќе од 20.000 примероци.Вакцината се давала главно на белци, а четвртина од испитаниците добиле плацебо.

Не се пријавени сериозни несакани ефекти поврзани со вакцината, а некои испитаници доживеале благи симптоми слични на грип. Некои се жалеа на болка на местото на инјектирање или се чувствуваа слаби.

Вакцината, поддржана од Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), се дава во две дози со разлика од 21 ден.Лица кои примиле вакцина (0,1 процент) или 62 случаи на заболување од 4.902 испитаници во плацебо групата (1,3%) .

Студијата вклучува 2.144 учесници на возраст од 60 години и повеќе. Истражувањата во оваа група покажаа дека вакцината била 91,8 проценти ефективна против симптоматските болести, се вели во извештајот на научниците објавен во „Лансет“.

Да потсетиме, оваа вакцина е одобрена во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, Палестина, Венцеела, Парагвај, Унгарија, ОАЕ, Иран, Тунис, Ерменија …

Слични содржини