Обожавателите на Џони Деп го навредуваат психијатарот кој сведочеше во корист на Амбер (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Психијатарот Дејвид Шпигел вчера сведочеше на судењето и го кажа своето мислење за актерот и неговото однесување.

Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга поради напис во Вашингтон пост од 2018 година, во кој Амбер се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Иако не го именуваше Џони, јасно е дека мислеше на него. Актерот тоа го негираше и тврди дека бил жртва на насилство, а таа често кревала рака врз него.

За време на досегашните рочишта, откриени се многу детали од врската меѓу поранешните сопружници.

Психијатарот Дејвид Шпигел сведочеше на вчерашното рочиште, велејќи дека Деп „има однесување кое е во склад со некој што има пореметување од употребата на дрога“.

По сослушувањето, обожавателите на Деп упатија остри критики и негативни коментари на веб страницата на психијатарот.

„Врз основа на неговото лудо сведочење и чудно однесување за време на судењето, се плашам за секој пациент што ќе дојде кај него. Нарцис, измамник и арогантен идиот“, напишал еден од обожавателите.

Слични содржини