Обвинителката Стефанова ќе се тестира за ковид-19-одложено судењето за „Плацеви на Водно“

од Берта Китинска

Стручен соработник во Основниот кривичен суд во Скопје, пред почетокот на рочиштето за  случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски, ги инфомира присутните дека судењето ќе се одложи поради тоа што јавната обвинителка Лиле Стефанова, ќе се тестира за ковид-19.

Во случајот познат како „Плацеви на Водно“, покрај Груевски и Новачевски, Обвинителството ги сомничи и поранешниот шеф на македонското разузнавање, Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот, е закажано за 2 септември.

Слични содржини