Обвинителот на ЕУЛЕКС бара притвор за поранешни членови на ОВК

од Vladimir Zorba

Италијанскиот обвинител на ЕУЛЕКС поднесе барање за приведување и одредување на притвор на група поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), под обвинение дека се одговорни за прогон на српското население во март 2004 година.

Според обвинителот, групата поранешни членови на ОВК се договорила да почне „тајна војна“ за преземање на контролата над Косово.

Обвинителот наведува дека открил начин на кој е организиран мартовскиот прогон во 2004 година и како се извршени дел од убиствата.

Во барањето се наведува дека групата добивала наредби од високи команданти на ОВК, кои во тоа време се обучувале за водечки политички позиции.

 

Слични содржини