Од денес и во Битола и Делчево достапни брзите тестови за детекција на Ковид 19

Од денес во здравствените домови во Битола и Делчево, а од вчера во Кочани и Кавадарци, започна тестирањето со брзи антигенски тестови, соопштија од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека оваа можност ја имаат и здравствените домови во Велес и Куманово, а од понеделник ќе почне и во Центарот за јавно здравје во Битола.

Во овие центри информираат дека била спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето. Министерството за здравствено вели дека и во другите регионално моментално се вршат обуки на кадарот и се анализираат условите за почеток на тестирање со овој тип на тесови.

Инаку, во моментов, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Од минатата недела, почна тестирањето во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

Министерството посочи, дека за брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест.

За потсетување, ваквото тестирање со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Слични содржини