Од денес поликлиника Железара со нов дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека од денеска Поликлиника Железара има нов дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди. Со набавката на медицинската опрема ќе се подигне и забрза квалитетот на здравствената заштита за пациентите.

-Овој дигитален мамограф којшто се користи насекаде низ светот важи за најсовремена метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза, истакнуваат од МЗ.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити иинформираше дека овој дигитален мамограф претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи насекаде низ светот.

Дигиталниот мамограф, како што посочи, претставува најсофистицирана опрема што се користи во сите здравствени установи низ светот и важи за современа метода за скрининг на рак на дојка во рана фаза.

-Со цел навремена дијагностика и рано откривање на рак на дојка, продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, којашто е бесплатна за пациентките, кажа министерот.

Според Меџити, изминатите месеци интензивно се работи на подобрување на јавните здравствени установи низ целата држава со набавка на нова медицинска опрема, подобрување на условите преку реконструкции, зајакнување на кадарот и набавка на лекови.

Слични содржини