Од штедилница во Суботица украдени милион евра (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Се слушна пукање како од пиштол. Беше брзо како на филм, рече еден од минувачите кој со неверување гледал во кражбата која се случила во средата утрината во штедилница во Суботица пренесува Курир.рс.

Очевидците велат дека на местото на настанот бил виден автомобил со италијански регистерски таблички.

Од стрес и се слошило на жената вработена во штедилницата, а подоцна лошо му било и вработениот во обезбедувањето на кој му бил украдена вреќа со пари. Никој за среќа не бил повреден, иако куршуми биле испукани од автомобилот, неофицијално се тврди дека двајцата раабојници биле вооружени и пукале при бегството.

Очевидците наведуваат дека еден од крадците чувал стража на врата, не влегол во штедилницата, но на вратата пукал во воздух, пред да му ја одземе вреќата со пари на вработениот како обезбедување.

Се претпоставува дека биле украдени околу милион евра, а двајцата крадци избегале во непознат правец и полицијата интензивно трага по нив. Еден од нив имал кожна јакна со натпис „обезбедување“, а на главата носел маска.

https://www.instagram.com/p/B3wCh3IBAK0/?utm_source=ig_embed

Слични содржини