Хуманитарна организација од Загреб вработува бездомници како водичи кои од нова перспектива би им го покажале градот на странците.

Кој подобро од нив би им ја покажал секоја улица на Загреб?
Миле Мрваљ, од хуманитарната организација Фајтер и Бранимир Радаковиќ од социјалната организација Бродото, смисилја проект Invisible Zagreb со намера да им го приближат градот на туристите од поинаква перспектива.
Во моментот во Хрватска живеат 2.500 бездомници, од кои половината во Загреб, но се претпоставува дека бројката е многу поголема.
Турата го опфаќа центарот на градот, народната кујна, железничката станица, пазарите и парковите – поточно, местата кои им се „дом“ на оние без куќа.
„Луѓето прво ја гледаат убавата трева, фонтани, клупи и паркови, место за забава за одмор…. За бездомниците тоа е обратно. Не можат ни да прилегнат, затоа што полицијата ќе ги избрка. Исто и на железничката станица. Луѓето доаѓаат и заминуваат од различни места, а за бездомниците тоа е единствено место каде во зима може да се стоплат, да купат шоња чај или кафе, од кафемати, секако, затоа што не ги пуштаат во баровите“, вели Радаковиќ за Lonely Planet.
Најважниот дел од турата е случањето лични приказни и околности кои ги довеле луѓето да станат бездомници. Проектот го носи името Невидлив Загреб, а сите донации ќе бидат проследени директно во рацете на бездомниците.