ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ОД БРИТАНИЈА: Полни трибини на „Вимблдон“ од четвртфиналето!

од Vladimir Zorba

Трибините на централниот и теренот број 1 ќе бидат исполнети со полн капацитет од четвртфиналето, соопштија денеска организаторите на „Вимблдон“.

Исто така, централното поле ќе се пополни максимално за полуфиналето и финалето.

Ова е прв пат од пандемијата на коронавирусот спортски настан во Велика Британија да се одржи пред полни трибини.

Капацитетот на централниот терен е 14.979 гледачи, а теренот број 1 собира вкупно 12.435 навивачи.

Најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата, Новак Ѓоковиќ, утре го игра натпреварот од осминафиналето против чилеанецот Кристијан Гарин.

Слични содржини