Одложена премиерата на новиот „Black Widow“

од Elena Daskalova

Самостојниот суперхеројски филм за Црната вдовица, со Скарлет Јохансон, е одложен поради моменталната состојба со пандемијата на коронавирусот.

Премиерата беше закажана за 1 мај 2020 година. Дизни веќе одложи неколку премиреи, меѓу кои и онаа на „Мулан“.

Ваквата постапка беше сосема очекувана и практично неодложна, со оглед на тоа што речиси сите киносали во светот се затворени. Марвел и Дизни мораат да закажат нови датуми за премиерите, но тоа ќе биде извесно кога ќе се среди ситуацијата со вирусот.

Овие потези ќе донесат извесна загуба во филмските студија, со оглед на тоа што се потрошени огромни буџети за снимање и за промоција.

Слични содржини