Ограбен малолетник во Арачиново, го исекле со нож

од Nikola Popovski

Три лица нападнале малолетник во Арачиново со нож и му ги одзеле паритe, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во полицискиот билтен стои дека вчера околу 03:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, три лица од кои едниот имал остар предмет, нападнале малолетник од Арачиново.

При нападот, му нанеле исеченица на раката, по што му одзеле пари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини