Ограбена обложувалница во Тетово

од desk2

Безмалку 20.000 денари се украдени од спортска обложувалница „Спортлајф“ во населбата Горна Чаршија во Тетово. Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Тетово, додека двајца вработени биле во пултот за наплата, влегло младо лице со непознат остар предмет во раката, најверојатно штрафцигер и почнал да им се заканува дека ќе ги убие.

– Покрај заканите по животот на вработените тој тргнал да ги турка од пултот и при тоа успеал да одземе од првата каса 14.000 денари и 5.300 денари од втората каса. Со одземените парични средства заминал од обложувалницата, а воедно им се заканил на вработените да не го пријавуват случајот во полиција – рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

По пријавата во полиција, службеници на СВР Тетово направиле увид во обложувалницата.

– Располагаме со првични сознанија за идентитетот на лицето кои го извшило разбојништвото. Најверојатно станува збор за истиот малолетник кој направил слично разбојништво во друга обложувалница, пред извсно време – соопшти Јосифовски.

Слични содржини