“Ohrid calling 2017”: Настапи за паметење на “Билјанини извори” (фото)

од Vladimir Zorba
 Во рамки на фестивалот “Ohrid calling” два дена незапаметена журка  на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, каде што пристигнаа фанови од цела Македонија.Скопските средношколци го преплавија Охрид само за овие две вечери , а  Авалонци уште еднаш покажаа дека знаат да го погодат и местото на случувањето и гостите  и вкусот на публиката. Првиот ден од фестивалот “Ohrid calling” мина во знакот на светски познатиот диџеј Афроџек од Холандија, кој приреди извонредна забава  со одлична атмосфера. Dj Afrojack настапи од 1.30 до 3 часот, а неговото шоу беше проследено со многу визуелни ефекти.  

 

 

Втората или синоќешната вечер беше за настапи на еден од најдобрите диџеи во светот во моментов Hardwell.

 

Настапот на Hardwell беше надополнет со одличен звук и визуелни ефекти, а атмосферата беше извонредна. Со развиорено македонско знаме расположениот Hardwell имаше одлична комуникација со публиката која му возврати со многу позитивна енергија.

Хитмејкерот Hardwell со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.  

https://www.facebook.com/viktor.dimitrievski.54/videos/1533007970096669/

 


Фестивалот “Ohrid calling” ќе биде заокружен со концерт на легендарниoт бенд “Бијело дугме” на 4-ти август.

Матеј Антоновски

Слични содржини