„Охридско лето“ во боите на лицата со ретки болести: Долни Сарај осветлен со заштитните бои на кампањата

Трета година во низа Здружението на лица со ретки болести „Живот со предизвици“, ја организира кампањата насловена „Да ги запознаеме ретките болести“, на која оваа година и се приклучи и Националниот фестивал „Охридско лето“.

Во таа насока, од синоќа со заштитните бои на кампањата беше осветлена сцената на Долни Сарај.

„Со осветлување на сцената на Долни Сарај, како едно од најважните обележја на Охрид, ќе дадеме мал придонес на оваа благородна идеја да се продолжи континуитетот на запознавање на општата популација со ретките болести како и да се даде поддршка на лицата кои се борат со ретките дијагнози. Ретки се, но не се сами. Заедно сме посилни и можеме да направиме многу повеќе. Уметноста обединува, не прави посилни и токму затоа како најзначајна музичко-сценска манифестација сме горди што можеме да бидеме дел од еден вака значаен проект“, посочи директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ.

Заштитните бои ќе го осветлуваат Долни Сарај до крајот на месецот кога и ќе заврши оваа кампања.

Инаку,како дел од активностите за осветлување на знаменитости и културно историски споменици претходно во боите на ретките светнаа Самуиловата тврдина, Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид и водите на Охридското Езеро.

Слични содржини