Актуелно
Почетна / Слајдер / ОЈО Скопје предложи 43 граѓани за казни за непочитување на полициски час

ОЈО Скопје предложи 43 граѓани за казни за непочитување на полициски час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Предложени се и казни од по 2.000 евра за секој од нив.

Од ЈО соопштија дека сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест Ковид 19.

loading...