
Научниците открија нов, нехируршки метод за лекување на рак на простата, базиран на лек од океанските бактерии, пишува медицинскиот издание The Lancet Oncology. Техника позната како васкуларна фокусирана фотодинамична терапија (VTP), стана можна благодарение на медикамент наречен WST11 кој е изведен од океански бактерии коиу живеат на дното на океанот. Овие чувствителни организми ги претвораат фотонирте во енергија, а претворени во лекови и соединенија ги убиваат канцерогените клетки. Во широко клиничко испитување меѓу 10 европски држави, 49% од пациентите во рана фаза на простата -канцер, третирани преку VTP, влегле во комплетна ремисија.
“Овие резултати се одлични вести за мажи со ран локализиран тумор на простатата, бидејќи нудат техника за лекување, без оштетување или отстранување на простатата”, вели водечкиот автор на студијата Марк Ембертон од Кралскиот колеџ во Лондон. Според неговите зборови, тоа е огромен скок за медицината.