Оклопни возила на РОСУ се движат кон Северно Косово

од Milan1

Колоната оклопни возила РОСУ во моментов се движи од Приштина кон Северот на Косово.

Приштинските медиуми објавија дека голем број полицајци се движеле кон Северна Митровица, каде за денеска е најавен протест на Србите поради забраната за гласање на изборите на 3 април.

Портпаролот на косовската полиција Беки Кељани рече дека движењата на специјалните сили се вообичаени и не се поврзани со некоја конкретна активност.

„Повикувајќи се на повеќе текстови и објави во различни медиуми, во врска со движењата на специјалните единици на косовската полиција, ве известуваме дека движењата на полициските единици се вообичаени и не се поврзани со некоја посебна активност. Полицијата е транспарентна и ќе продолжи да информира вие како и секогаш за нејзините обврски и оперативни активности“, изјави Кељани за Газета експрес.

По правило, оклопните возила на РОСУ секогаш се собираат прво во базата Белведере, а такви возила, со членови на РОСУ вооружени до заби, секогаш се стационирани во Јужна Митровица пред упадите во северно Косово.

Слични содржини