Се претпоставува дека на денешната Парада на гордоста во Стокхолм учествуваат околу 50.000 луѓе, јавува шведската државна телевизија СВТ.
„Гордоста значи сè, гордоста значи борба за човекови права. Важно е да ги потсетиме младите дека и тие треба да се борат за општеството што го сакаат“, изјави еден од посетителите на Прајдот за СВТ.
Над 130 различни групи учествуваат во парадата на улиците на Стокхолм, се додава.