Сплитската музичка легенда Оливер Драгоевиќ вчера ја прими наградата за животно дело на хрватскиот „Порин“. Музичарот, кој се бори со тешка болест, посака да продолжи неговото патување низ животот. 
Синоќа во Сплит се одржа 25. доделување на наградите Порин – признанија за најдобрите во хрватската музичка продукција. Победи младата Миа Димшиќ со четири награди, се појавија некои нам добро познати фаци како Масимо Савиќ, Јосипа Лисац,Џибони Грашо, „Парни ваљак“, Нина Бадриќ…
Но, главен беше отсутниот Оливер Драгојевиќ кој како што рече Џибони „Живее на 1.000 метри од тука но не можеше да дојде..“ но на публиката во арената „Спаладиум“ и се обрати со видео порака.
Признанието во име на Оливер Драгојевиќ, добитник на награда за животно дело, ја примија Џибони, Петар Грашо и Синиша Шкарица.
Познатиот пејач на публиката и се обрати со емотивна, снимена, видео порака, која ги трогна сите присутни.
https://youtu.be/po9N9KWglcc
„Би сакал да го споменам човекот што обележа половина мој живот, а е тоа е Зденко Руњиќ. Многу добри луѓе се створија околу мене, но болеста овојпат е посилна и не можам да бидам со вас. Како дете сакав да свирам и да пеам, но тој сон сега се прекина. Сепак, ми се чини дека се уште има време за играње и за пеење ако работите се подобрат. Зад мене стои целата фамилија, сите се трудат да ми биде подобро, особено Одделот за онкологија во Сплит. Сакам да продолжи ова мое патување низ животот“, рече Драгоевиќ.