Опаѓа бројот на новозаразени: Само 5 во последните 24 часа, излекувани 95 пациенти

од Nikola Popovski

Од министерство за здравство информираат дека 95 оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 32 се во Скопје, 38 се во Куманово, 16 во Прилеп, два во Тетово и едно лице во Битола.

Исто така направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово еден, во Прилеп еден, во Тетово еден.

Во изминатите 24 часа починале и двајца пациенти, еден од Куманово и еден од Струга.

Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.601, бројката на оздравени пациенти е 947 , на починати е 84.

Наравените 249 теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода  -6 и МАНУ -3.  Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Слични содржини