Опасно и забрането: Лажни кинески вакцини се продаваат преку Интернет

од Nikola Popovski

Италијанскиот дневен весник „Џорнале“ пишува дека лажни кинески вакцини може да се најдат на Интернет по цена од 350 до 1.500 долари и ги предупредуваат Италијанците дека тие се опасни и забранети.

Директорот на царината Марчеко Минена за весникот „Стампа“ изјавил дека Италија ја зајакнала контролата врз бродовите и авионите, а претежно електронската трговија.

„Забележавме дека постои опасност од дистрибуција на кинеска вакцина, која сепак не беше произведена од официјалните кинески производители и која им беше дадена на кинески граѓани“, наведува Минена.

Генералот на Интерпол, Јирген Сток изјавил дека вакцината е „течно злато“ за црниот пазар. „Бизнис инсајдер“ известува дека на Интернет може да се најдат производи што немаат никаква врска со кинеската вакцина произведени од „Синовак“ или „Синофарм“ и дека цените се десет пати повисоки од вообичаените во Кина, кои се движат од 30 до 60 долари.

Во бројни интервјуа за печатот, Италијанецот Џидо Раси, микробиолог кој ја напушти функцијата директор на ЕМА пред неколку дена по девет години, изјави дека сите тие приказни за вакцина кои имаат ефикаснот од 90 или 95 проценти изгледаат како некоја обложувалница.

Единствената што, како што вели, ќе даде навистина зелено светло за производство и дистрибуција на вакцината е ЕМА, која во последен момент може да ги блокира досега пронајдените вакцини, и на „Фајзер“ и на „Модерна“ и на сите други.

Италијанскиот весник „Панорама“ пишува дека кинеска вакцина против корона е достапна во Италија веќе неколку дена и дека е можно да се купи од Кинезите во Рим.

Слични содржини