Опозициската ВМРО ДПМНЕ го слави 13. Ноември на поинаков начин (ВИДЕО)

По повод 13. Ноември, денот на ослободувањето на Секопје, опозициската ВМРО ДПМНЕ одлучи со транспорент да ги „поздрави“ сите оние кои влегуваа во Скопје.

„Добродојдовте во Скопје, градот со најголем број на заразени од Корона и најзагадениот воздух на светот“, гласеше транспарентот.

Денешниот 13 ноември Скопје е повторно заробено во смог и магла полни со отрови и вируси. Скопје е рекордер во светот во отровни гасови и смртоносен вирус, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение проследете ја целосната изјава на Стоилковски

Слични содржини